Горан Кузманоски се враќа во Прилеп – ама како тренер

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Кузманоски, на кој му заврши договорот со Еурофарм Пелистер на крајот од оваа сезона, најверојатно ќе седне на клупата на новиот суперлигаш Прилеп.

Прилепчани како второпласирани во група 1 од Првата лига oбезбедија камбек во елитната конкуренција по три сезони, а за претстојната сезона би можеле да го имаат Кузманоски во тимот.

Се уште не е јасно дали Кузманоски ќе биде само тренер, играч-тренер или ќе работи во тандем со уште еден македонски стручњак. Прилепчани веќе водат преговори и со неколку суперлигашки имиња, па наскоро ќе бидат познати и првите засилувања.

Кузманоски најголема трага остави во романскиот тим Одорхеи, каде играше од 2011 до 2018 година пред да се врати во Македонија. Во Одорхеи, средниот бек покрај капитенската лента, имаше и тренерско искуство со оглед на тоа што во последната сезона беше помошник тренер.

Кузманоски потекнува од составот на Тутунски Комбинат Бренд, а во играчката кариера ги носеше дресовите на Пролет, Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер, додека во странство беше член на шведскиот Трелеборг, португалската Мадеира, шпанската Виља де Аранда…