Голманот на Охрид и крилото на Еурофарм Пелистер во тимот на Црна Гора

Селекторот на репрезентација на Црна Гора, Зоран Рогановиќ ги соопшти имињата на 22 ракометари на кои смета за квалификациите за ЕП 2020.

Меѓу повиканите играчи се наоѓаат двајца кои настапуваат во Македонија, а се работи за ракометари на Охрид и на Еурофарм Пелистер.

Голманот Јагош Брауновиќ, кој брани за тимот на Охрид и тоа во одлична форма и крилото на тимот од Битола, Мирко Радовиќ ја добија довербата и се очекува и да се најдат на терен на натпреварите кои се предвидени за почетокот на ноември.

Повик имаше и за ракометарот на Металург, Бранко Канкараш, кој не може да одговори поради карантинот.

Според планот на 4 ноември во Подгорица доаѓа селекцијата на Косово, а потоа на 8 март Црногорците гостуваат во Баја Маре на двобој со Романија.