Голманот на Кил потврди, платите намалени цела година за 50 проценти

Првиот избор за голот на екипата на Кил, Никлас Ландин, го потврди она што се зборуваше веќе некое време во однос на платите. Веќе е сосема јасно дека играчите на тимот на Кил нема да имаат примања каков во последните години поради коронакризата.

Во Кил платите паднаа на пола односно сите имаат намалени плати за 50 проценти. И тоа не се работи за некој месец туку за цела година.

Ова Ландин го потврди за весникот од Данска, Jyllands Posten, така што веќе нема дилеми дали се навистина намалени платите во Кил.

Инаку, причина за намалување на платите е значителниот пад на приходите од влезици. Уште не е познато кога ќе биде дозволено салите да бидат исполнети до последно место така што во моментов останува неизвесно. Тоа носи значителна финансиска загуба во редовите на шампионот на Германија.