Голманката што го остави Вардар без титула ќе игра уште една сезона

Голманката на европскиот шампион Ѓер, Ева Киш, иако најави дека оваа сезона е нејзина последна во кариерата, веројатно ќе игра уште една.

Лора Глозе и Силје Солберг, со поддршка од Амандин Лејно ќе го чуваат голот на Ѓер во следната сезона, па ако Киш сака да игра ќе мора да си побара нов клуб.

„Сега се промени се. Олимпијадата е поместена за 2021 година. Тоа ме натера да размислам уште еднаш за да ја продолжам кариерата. Желба на сите спортисти е да играат на Олимписките игри“, вели Киш за „Nemzetisport“.

Киш го одбрани последниот шут во второто продолжение на Андреа Чанаџија во големото финале на Лигата на шампионите меѓу Вардар и Ѓер, и го прати женскиот „црвено-црн“ тим во историјата без титула.