Голем хендикеп пред СП – Македонија остана без Димитар Узунчев!

Машката кадетска репрезентација на Македонија ќе патува ослабена во Ријека на Светското првенство.

Десниот бек Димитар Узунчев заработи скршеница на левата нога на пријателската средба против комбинираниот тим на Еурофарм Пелистер и нема да патува за Хрватска.

Тој беше единствениот десен бек на последната фаза од подготовките, но селекторот и неговиот стручен штаб веројатно ќе повикаат друг ракометар во текот на следниот период.

Македонија денеска ќе го одигра последниот пријателски натпревар пред заминувањето во Хрватска против новиот суперлигаш Мулти Есенс.

Кадетите се во група со селекциите на Норвешка, Црна Гора и Грузија, а првиот натпревар го играат против скандинавците на 2 август од 17:30 часот.