Голем удар за домаќинот: Мирхол нема да игра на ЕП!

Еден од домаќините на Европското првенство, Норвешка, нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите нивни ракометари.

Станува збор за пивотменот Бјарте Мирхол, кој мораше да оди на операција поради проблемите со дигестивниот систем. Неговата состојба претходно беше подобрена, па тој ја одложи операцијата, но во текот на вчерашниот ден му се влошила, па мора итно да биде опериран.

„Разочаран сум што нема да можам да играм на ЕП, но од друга страна и сакам да завршам со операцијата. Во последно време се соочив со сериозни здравствени проблеми, сакам да ги решам, за потоа да можам да дадам се од себе на терените“, изјави Мирхол.

Норвешкиот селектор Кристијан Берге дополнително го повика Том Каре Николаисен на местото на Мирхол. Претходно од норвешкиот состав за ЕП отпадна и десниот бек Кент Робин Тонесен од Веспрем, кој се повреди на дуелот со Вардар во Скопје.