„Голема работа е што постојат екипи како Вардар, Загреб, Целје…не треба да се рушат по секоја цена“

Некогашниот ас на Вардар, Алем Тоскиќ, веќе неколку години успешно плива во тренерските води.

Најпрво во унгарскиот Чурго, а од лани и во словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, каде што мина дел од играчката кариера.

Во интервју за „Спортске новости“, Тоскиќ, кој во Вардар играше од 2013 до 2016 година, зборуваше за актуелната ситуација во балканскиот ракомет.

„Голема работа е што постојат екипи како Загреб, Вардар, Целје, дека од ова подрачје на врвот на Европа дојдоа Бјеловар, Борац, Металопластика, Метковиќ…Тоа не е обична работа, туку работа која навистина вреди и до која мора повеќе да се држиме, а не да се руши по секоја цена. Не смее да биде интерес да се урнат овие екипи кои носат голем имиџ на нашиот ракомет во Европа. Не сме свесни колку многу меѓусебните дуели значат за имиџот на ракометот. Видов многу работи во изминатите години на мечевите меѓу Целје и Загреб, ривалитетот е нормален и мора да постои, ама и нешто друго над тоа е многу важно за сите“, изјави Тоскиќ.

Во новата сезона Загреб и Целје ќе бидат дел од Лигата на шампионите, додека Вадар беше исклучен од страна на ЕХФ.