Голема победа за Загреб, го урна ПИК Сегед и пак е пред Вардар на табелата

Ракометарите на Загреб одиграа одличен натрпевар во 11. коло од Лигата на шампионите и на домашен терен ја совладаа екипата на ПИК Сегед после голема борба со 26:24.

Избраницита на Ивица Обрван имаа перфектно отварање на натпреварот, Чупиќ погоди трипати и Мандиќ двапати за почетно водство од 5:1 на домаќините. Во продолжението Загреб ја одржуваше рано стекнатата предност.

ПИК Сегед во неколку наврати се доближи на минус два, но тоа беше најмногу што успеаја гостински ракометари. До крај на првите 30 минути загрепчани одржаа позитива и на полувреме водеа 14:10.

Во продолжение се покажа дека оваа предност е доволна за конечен триумф на хрватскиот претставник. Во текот на сите 30 минути од вториот дел Загреб беше во предност и успешно го приведе натпреварот до победа и освојување на два нови бода кои значат враќање на 6. место на табелата пред Вардар.

Сандро Обрановиќ со седум гола и Иван Чупиќ со шест погодоци беа предводници до триумфот на Загреб. Во составот на ПИК Сегед најефикасен беше Мигел Мартинс со пет постигнати гола, додека четити постигна Марио Шоштариќ.

Со оваа победа тимот на ППД Загреб не само што се врати на 6. место туку успеа и да се израмни според бројот на бодовите со Елверум. Оттаму на Вардар е сега да покаже во последните три кола дека може да се најде пред овие два тима. Загреб е следниот ривал, а натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ в среда од 20:45 часот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140