Голден Арт уште се засилува – донесе лев бек и пикер

Прволигашот Голден Арт продолжува да се засилува во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната и битките за место во елитното друштво. Откако се засили со левото крило Зоран Стојановски, Голден Арт донесе уште двајца ракометари.

Станува збор за левиот бек Христијан Милошески, кој есенската полусезона ја мината во составот на Прилеп, како и за кружниот напаѓач Кристијан Стојановски, кој досега играше за Македонија Ѓорче Петров.

Милошески потекнува од составот на Филип Прилеп, а беше дел и од Вардар 2, Работнички и Бутел Скопје. Во редовите на прилепчани беше меѓу најдобрите стрелци и сигурно ќе биде големо засилување за бековската линија на Голден Арт.

Голден Арт по 13 одиграни кола во групата Б од Првата лига има биланс од 11 победи, 1 реми и 1 пораз, што е доволно за 34 бода и второто место на табелата. Во февруари и март ќе се одиграат уште пет кола од регуларниот дел пред плеј-офот во кој се пренесуваат бодови.

Избраниците на Никола Матлиески на домашен терен ќе го пречекаат директниот конкурент за првото место Алкалоид, откако на првиот натпревар на гостински терен извлекоа реми.