Голден Арт падна во Неготино, Вардар е на чекор до елитното друштво!

Ракометарите на Вардар Неготино одиграа одличен натпревар и на домашен терен остварија голема победа против екипата на Голден Арт од 31:26 што ги доближува чекор поблиску до пласман во Супер лигата.

После почетните израмнети минути до резултат 5:5, Вардар Неготино прв се одлепи на поголема предност. Со серија од четири гола избраниците на Петар Ангелов имаа 9:5. Тимот од Неготино знаеше како да го сочува водството и на полувреме беше во предност од 15:11.

Во продолжението на дуелот Голден Арт се обидуваше да ја анулира негативата, успеа да намали на миунс еден само во почетните минути од вториот дел. Но следуваше нова серија во клучен момент на Вардар Неготино за ново високо водство.

До крај на мечот без поголеми проблеми домашниот тим го водеше натпреварот кон победа за на крај и сигурна победа од пет гола. Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Ѓорѓи Ташев со седум гола, додека во Голден Арт прв стрелец беше Ивица Илиев со шест гола.

Вардар Неготино сега има 28 бода на четвртото место, пет повеќе од Аеродром, кој е петти со 23 бода. На неготинци во последните три кола ќе им биде доволно можеби и само една победа за пласман во Суперлигата.