Голден Арт лесно и убедливо до нова победа и нови три бода

Екипата на Голден Арт дојде до нов триумф во 7. коло од Групата Б од Првата машка лига откако го совлада составот на Тектилец со убедливи 36:15.

Сè беше решено уште на почетокот за десетина минути. Текстилец го постигна првиот гол преку Милисав Петров, а потоа домашните вратија со три гола преку Димитров и Илиев (двапати) така што тука веќе беше преземана контролата на резултатот.

На секој гол на Текстилец се враќаше со три до четири гола така што постојано водството растеше до 24:7 на полувреме.

После високите 17 разлика во првото полувреме во продолжение од средбата падна ритамот и ефикасноста, но разликата беше уште поголема. Голден Арт имаше контрола така што во ниту еден момент не беше дозволено составот на Текстилец да намали на едноцифрена негатива.

Со новите три бода составот на Голден Арт останува „рамо до рамо“ со Алкалоид, а до дербито останува уште едно коло така што за две недели ќе се види кој ќе биде лидер во Групата Б од Првата машка лига. Текстилец е еден од двата тима кои немаат бодови после седум кола во групата.

ГОЛДЕН АРТ КЛ 7 – ТЕКСТИЛЕЦ               36:15 (24:7)

Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Кристијан Белимов од Скопје.

ГОЛДЕН АРТ КЛ 7: Василевски, Даскалоски, Ацев, Колоски, Рајатоски 1, Глигоров 3, Даев 3, Пасковски 2, Диитров 5, Миланов 8, Илиев 8, Зафировски, Мандиќ, Дрпљанин 3, Јосифовски 2, Гајиќ 1

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

ТЕКСТИЛЕЦ: Атанасов, Шутев, Боболковски, Петров 2, Стојменов 4, Арсов, Хаџи Николов 1, Јованов, Димитров 4, Димчевски 1, Ристов 2, Атанасов, Трајчов, Митрев 1, Диитриев, Јовановски

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.