Голден Арт има ново десно крило – потпиша Никола Димитров

Прволигашот Голден Арт КЛ7 донесе нов ракометар во своите редови. Станува збор за десното крило Никола Димитров, кој се обврза на двегодишна верност.

Димитров потекнува од школата на Пелистер, играше за Вардар Јуниор, Работнички, Еурофарм Пелистер 2 и Младост Богданци.

„Изминатите две години Голден Арт КЛ7 е клуб од кој проникнаа голем број млади ракометари кои се промовираа во репрезенатитвци, обрнувајќи внимание на развој на млади ракометари, создавајќи услови на истите да го реализираат својот сон и да се етаблираат во сениорскиот ракомет. Токму поради тоа се одлучив да пристапам и со нетрпение го очекувам стартот на подготовките. Со тренерот Никола Матлиески има претходно искуство и очекувам добар тренажен процес и гледам можност за мој понатамошен развојиз“, изјави Димитров.

Претходно прволигашот го засилија искусните Ивица Илиев и Златко Даскалоски, како и Есад Дрпљанин, Марио Миланов и Даниел Ацев.