Глигоров и Сирија во битка за мундијалска виза

Поранешниот селектор на Македонија, а потоа и тренер на Кометал Ѓорче Петров и Металург, Владимир Глигоров со селекцијата на Сирија е на добар пат и се наоѓа на чекор за пласман на Светското првенство во Шпанија.

Женската репрезентација на Сирија учествува на Шампионатот на Азија каде што веќе заврши групната фаза.

Сирија го освои 4. место во Групата Б откако загуби од Иран во последното коло со 19:38. Сепак, со оглед на тоа што трето и четвртопласираните ќе разигруваат за 5. место сосема извесно е дека ќе биде интересно бидејќи следува дуел против Хонг Конг кој ќе биде претпоследната пречка.

Доколку девојките го исполнат зададеното од Глигоров може да се очекува голема борба за 5. место така што шансите постојат, а ова е одличен резултат за репрезентацијата на Сирија која во тешка конкуренција освои четири бода во Групата Б откако ги совлада Палестина и Кувајт.