Гледајте ја ВО ЖИВО ждрепката за Лигата на Европа (ЛИНК)

Денеска од 11 часот екипите на Бутел Скопје и Металург ќе се најдат во ждрепка за натпреварите од 1. коло во Лигата на Европа и ќе ги добијат своите ривали против кои ќе се борат за пласман во втората рунда.

Во ждрепката има 30 екипи во машка конкуренција поделени во три различни зони од по десет клуба. Металург и Бутел Скопје се носители во првата зона така што денеска можат да добијат еден од следните ривали: ХРК Горица (Хрватска), Спачва Винковци (Хрватска), Ѓинѓиш (Унгарија), Констанца (Романија), ЦСКА (Русија).

Ждрепката можете да ја следите во живо на следниот ЛИНК.