фото:

Гледајте ја ВО ЖИВО ждрепката за баражот за Мундијалот во Египет (ЛИНК)

Денеска со почеток во 19:00 часот во Виена, ќе се одржи ждрепката на двојките за баражот за Светското Првенство што во јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Нашата селекција е сместена во вториот шешир, а противник ќе биде репрезентација која е во првиот шешир.

Нема преголем избор за Данило Брестовац и ракометарите, па оние ривали од кои изгубивме на Европско првенство, Австрија и Чешка, сега изгледаат како најдобра варијанта ако се погледнат другите можни противници.

Шешир 1: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција

Шешир 2: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/Босна, Полска/Литванија, Израел/Летонија

Ждрепката може да ја гледате на следниот ЛИНК.