Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Швајцарија (ЛИНК)

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра финалето на ЕХФ шампионатот во Летонија против селекцијата на Швајцарија.

Двете репрезентации покажаа најмногу во Рига досега и забележаа по четири победи и заслужено се пласираа во финалето на ЕХФ шампионатот.

Избраниците на Раде Стојановиќ ќе имаат мотивација плус за да го освојат златниот медал бидејќи првото место носи пласман на младинското ЕП 2024 година и пласман на кадетското СП 2023 година.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе започне со почеток од 16:00 часот, а може да го гледате ТУКА.

*за да го следите натпреварот ќе ви биде потребна регистрација од неколку чекори