Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Македонија – Полска (ЛИНК)

Составите на Македонија и Полска ќе ја имаат втората пресметка на ЕХФ шампионатот во Скопје откако во четвртокот првпат ги одмерија силите во салата во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија победи на тој натпревар со 30:25 така што успеа да стигне до место во полуфиналето, а сега двете селекции ќе се борат за трофејот.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот, а судии ќе бидат Рамеш и Суреш Тијагарајах од Германија. Делегати се: Исгандар Асгаров од Азербејџан и Томо Водопивец од Словенија.

Натпреварот ќе можете да го гледате на следниот ЛИНК.

*Претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.