Гледајте ги ВО ЖИВО натпреварите од Првата лига (ЛИНКОВИ)

Денеска 16 екипи кои играат во Првата машка лига ќе се најдат на два турнири со кои ќе ја отворат есенската полусезо. Двете групи се играат во салата „Јанчица“ во Кичево и во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Првата лига ќе се игра во четири викенди во кои тимовите ќе се борат за место во плеј-офот. Ќе бидат одиграни седум кола после кои е јасно дека ќе можат екипите да планираат како ќе биде напролет.

Веќе е познато дека овој викенд има само едно коло, а веќе од следниот викенд ќе има по два натпревари во викенд односно два турнири така што ќе биде многу понапорно.

Како и Суперлигата, од оваа сезона ќе има лајв-стрим и од дуелите од Првата лига, а за денеска РФМ ќе ги пренесува натпреварите само од групата Б што се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

ГРУПА Б

13:30 часот, МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР

15:30 часот, ВАРДАР НЕГОТИНО – ТЕКСТИЛЕЦ

17:30 часот, СКОПЈЕ 2020 – КУМАНОВО

19:30 часот, МЕТАЛУРГ РА – ПАРТИЗАН