Гледајте ВО ЖИВО: Мечот на деценијата – сите ѕвезди на едно место (ЛИНК)

Денеска во центарот на вниманието на македонската ракометна и спортска јавност, ќе биде ревијалниот натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци на Македонија.

Во СЦ „Борис Трајковски“ вечерва од 19:00 часот ќе се соберат многу ракометни имиња кои дале многу за македонскиот ракомет и бееа дел од националниот тим.

Селектори на репрезентацијата на ветераните ќе бидат Звонко Шундовски и Илија Темелковски, кои ја водеа Македонија на СП 2009 и ЕП 2012 година.

Натпреварот може да го следите на овој ЛИНК.