Гледајте ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Татран Прешов (ЛИНК)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес ќе го одиграат првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата во дивизијата „Југ“ против словачкиот Татран Прешов.

Тимот од Словачка сигурно нема да дојде со бело знаме во Битола, но од избраниците на Александар Јовиќ се очекува да покажат одлична игра и да се изборат за поволен резултат, со цел да имаат мирен реванш.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток во 18:00 часот.

Пренос од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов ќе има на третиот канал на МТВ, а може да го гледате ТУКА.