Гичевска: Верувам во две победи, потајно се надеваме на три од три

Женската сениорска репрезентација ја чека квалификацискиот турнир за пласман во баражот за СП во Шпанија.

Левиот бек Леонида Гичевска, која игра во одлична форма во францускиот Пузен, верува во најмалку две победи.

„За сите спортисти ова беше тежок период. Имавме голема пауза и тренинзи, а ни фалеше и репрезентацијата затоа што посебно е чувството да играш за националниот тим. Се наоѓаме на старт на подготовките, моментално го анализираме првиот ривал Исланд и верувам дека добро ќе се подготвиме. Овој тим е комбинација на млади и искусни. Верувам во сигурни две победи и место во баражот, а потајно се надеваме и на три од три. Се чувстувваме како фаворити затоа што играме дома, но стоиме цврсто на земја и се трудиме да бидеме подобри. Ветуваме максимум, ќе дадеме 100% од себе, а резултатот ќе дојде сам, ако одиграме така како што се договараме“, изјави Гичевска.

Македонија ќе се соочи со Исланд, Литванија и Грција, а сите натпревари ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во 12:00 часот.