Германците се фанатици – срушен рекорд на гледачи на женски ракомет!

Екипата на Борусија Дортмунд, која се натпреварува во Лига на Европа, успеа да сруши рекорд на гледачи на женски ракомет во својата земја.

Германскиот претставник во второто по ранг европско натпреварување на денешниот дуел против унгарски Шиофок имаше поддршка од околу 11.100 навивачи во ,,Вестфаленхален арена“.

Пред натпреварот, од клубот соопштија дека се продадени повеќе од 11.000 билети и дека се останати само уште неколку слободни места за љубителите.

Оваа посетеност моментално е рекордна за женскиот ракомет во Германија. Претходно рекордот беше поставен во далечната 1997 година на натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Крим Меркатор во рамки од Лигата на шампионите. Тогаш натпреварот го следеле повеќе од 8700 навивачи.

Борусија Дортмунд на крилата на навивачите успеа да триумфира против Шиофок со три гола разлика, 26:23.

Со денешната победа, тимот на Борусија Дортмунд го обезбеди првото место во групата А, односно се пласира во четвртфиналето од Лига на Европа.