SF2 - Germany vs Serbia, 2023 IHF MEN’S JUNIOR (U21) WORLD CHAMPIONSHIP, Berlin, Germany, 01.07.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Германија e нов светски младински шампион!

Репрезентацијата на Германија го освои првото место на Светското младинско првенство 2023, на кое заедно со Грција беа домаќини на најдобрите младински репрезентации на светот.

Германија полесно од очекуваното во финалето славеше над Унгарија со седум гола разлика, 30:23 (14:11).

Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Исланд, откако ја совлада Србија со 27:23.

Данска ја победи Португалија со 30:25 и заврши како петтопласирана, додека Фарски Острови уште еднаш покажа дека има одлична генерација за високи дострели, ја победи Хрватска со 31:27 и настапот на Младинскиот Мундијал го заврши на 7. позиција.