Германија со втор триумф против Фарски Острови го потврди пласманот на СП

Репрезентацијата на Германија го потврди пласманот на Светското првенство во 2023 година откако и по вторпат славеше во бараж дуелот против Фарските Острови со 27:33, после победата на домашен терен од 34:26.

Во првото полувреме Германија го контролираше резултатот се до завршните неколку миниути кога им дозволија на домаќините да го свртат резултатот. Ракометарите на Фарски Острови со добар финиш на полувреме заминаа со водство 16:15.

Сепак во вториот дел Германија го потврди својот квалитет и уште на стартот ја врати предноста и сигурно го водеше натпреварот кон победа. На крајот Германците стигнаа и до сигурен триумф и го потврдија пласманот на СП.

Во репрезентацијата на Фарски Острови најдобар беше Елиас Елефсен со девет гола, додека во тимот на Германија најефикасни со по пет гола беа Лукас Мертенс и Лука Вицке. Германија е петтиот патник на Светското првенство од бараж дуелите откако претходно пласман обезбедија Србија, Исланд, Унгарија и Хрватска.