Георгиев се врати на терените, ќе настапува за штипски Текстилец

Десниот бек од Делчево, Мирче Георгиев, после кратката пауза повторно е на ракометните терени.

Младиот ракометар во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од прволигашот Текстилец.

Георгиев во својата кариера освен што настапуваше за матичниот Делчево, играше и за екипите на Прилеп и Аеродром.

Текстилец во новата сезона ќе биде посилен со Дарио Јорданов, кој има и интернационално искуство.

Камбек во редовите на Текстилец направи и искусниот Марјан Сарашов, така што клубот од Штип ќе може да се надева на добар пласман во прволигашката конкуренција.