Георгиевски останува уште две сезони во Вардар

Десното крило на македонската репрезентација и член на Вардар, Гоце Георгиевски  во „црвено-црниот“ дрес ќе остане и во наредните две сезони и ќе се обиде да му помогне на македонскиот шампион да го задржи епитетот – најдобра македонска екипа.

,,Останувам да ги бранам боите на македонскиот шампион Вардар и во следните две сезони”, потврди Георгиевски за 24Ракомет.

Георгиeвски во редовите на старо-новиот шампион на Македонија пристигна во текот на 2020 година од редовите на ЧСМ Букурешт каде што играше четири сезони, а една сезона мина во француски Тулуз. Пред да се пресели во Тулуз настапуваше за матичниот Металург.

Искусниот ракометар со репрезентативецот на Србија, Дарко Ѓукиќ и со младиот член, Ален Ќосевски ќе ја сочинуваат десната крилна позиција во новата сезона. Екипата на Вардар со оваа постава на позицијата десно крило играше и во минатата сезона во која успеа да одбрани дуплата крина во Македонија

Вардар во новата сезона ќе игра само во домашниот шампионат и во СЕХА лигата, откако ЕХФ одлучи да го исклучи најтрофејниот клуб од Македонија од Лигата на шампионите, односно од сите натпреварувања под капата на европската ракометна куќа.