Георгиевски: Одиме да се надигруваме со Пик Сегед и без бело знаме

Десното крило на Вардар, Гоце Георгиевски веќе долго е на натпреварите во Лигата на шампионите и добро знае што треба да се направи и да се покаже на теренот против ривалите.

Пик Сегед исто така е добро познат противник и на него ќе треба да се покаже најдоброто за да се дојде до позитивен резултат.

„Нè очекува тежок противник, кој ни е добро познат. Минатата година одигравме тесни натпревари. Нè победија на двете средби. Очекувам натпреварите да бидат слични како минатогодишите. Станува збор за квалитетна екипа. Се подготвуваме за овој дуел и имаме видео анализи. Би го издвоил особено дуелот против Веспрем, кој беше навистина добар. Одиграа пред сè квалитетно во одбраната. Одиме таму да се надигруваме и без бело знаме. Знаеме за каков противник се работи и какви поединци имаат во својот тим. Имаме шанса. Секогаш играат против нас со голем мотив. Мислам дека не очекува тежок и неизвесен натпревар, а се надевам дека среќата ќе биде на наша страна за поволен резултат“, вели Георгиевски пред заминувањето за Унгарија.

Натпреварот се игра в четврток од 18:45 часот.