Георгиевски: Издржавме јуначки и го освоивме трофејoт, сега ќе прославиме!

Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето на Ф4 турнирот славеше против Еурофарм Пелистер во драматичен натпревар со 26-25.

Десното крило Гоце Георгиевски вели дека можеби среќата ги посака вардарци на крај, но победата е заслужена.

„Повеќе среќа на крај имавме, Господ не посака, цел натпревар водевме подобри бревме иако со скратен ростер, тоа дојде до израз во последните десет минути кога паднавме физички. Заслужено победивме и сега ќе прославиме. Отворивме добро за разлика од Битола, во нападот игравме трпеливо без технички грешки, особено во првиот дел, добро игравме и во одбрана. Малиот пад дојде на крај, но издржавме јуначки и го освоивме овој пехар“, вели Георгиевски.

Овој трофеј во Купот е 16 за Вардар, а трет по ред за поранешниот репрезентативец на Македонија.

Куп трофејот останува „црвено-црн“, Вардар најде лек за Еурофарм Пелистер!