Георгиевски: Голманите бранеа добро, но игравме лоша одбрана

Репрезентацијата на Македонија претрпе пораз од Црна Гора во второто коло од Групата А на Европското првенство со 24:28 и остана без бодови.

На денешната средба ритамот не беше на потребното ниво бидејќи сите очекуваа многу повеќе против Црногорците.

„Лошо ја отворивме средбата. Нѝ поведоа со 4:0. Многу беше тешко да се вратиме. Успеавме да го направиме тоа, но потоа не знам што да кажам. Денеска одбраната не беше функционална во првото полувреме. Голманите имаа многу одбрани, а примивме 17 гола. Одбраната беше главниот проблем. Во вториот дел нивниот голман се разбрани, а ние направивме грешки. Неискуството пресуди. Знаевме што нè очекува. Без прекршоци во одбрана и многу лабаво тешко можевме да очекуваме подобар резултат“, изјави после натпреварот Гоце Георгиевски.

До крајот на настапот на овој шампионат за Македонија остана уште натпреварот против Данска кој треба да биде одигран в понеделник од 20:30 часот.