Георгиевски во гол форма, но ЧСМ Букурешт само со бод

Во натпреварот од 19. коло од првенството на Романија, репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски стигна само до еден бод со своите колеги на дуелот со претпоследниот Бузау. Конечните 24:24 го оставија ЧСМ Букурешт на два бода зад Стеауа која сега ја има 5. позиција.

Пред натпреварот ЧСМ Букурешт важеше за фаворит, но тоа не беше оправдано на теренот. Гостите знаеја да одиграат добро за да стигнат до бод, кој не им помогна многу.

На овој натпревар Гоце Георгиевски одигра добро и со шест погодоци беше втор стрелец во ЧСМ Букурешт. Сепак, сето ова не беше доволно за да може да се направи нешто повеќе.

Според она што во моментов е актуелно  ЧСМ Букурешт ќе треба многу повеќе да се насочи кон средбите од Челенџ купот.