Георгиевски: Ако реализираме зицери и ако не го разбраниме Вулф, тогаш имаме шанси

Европскиот првак Вардар по поразот од Келце на домашен терен со 29-33, ги очекува возвратниот натпревар со истиот ривал во Лигата на шампионите.

Вардарци досега гостувале кај Келце пет пати во рамките на елитното натпреварување, но ниту еднаш не успеале да освојат бод, а камоли да слават.

Десното крило Гоце Георгиевски смета дека ако се реализираат чистите зицери и ако не го разбранат повторно Вулф, тогаш Вардар има шанси за позитивен резултат.

„Пред првиот натпревар знаевме за каков ривал се работи, а по натпреварот видовме дека има уште многу работиме да поправиме кај нас. Гледавме, анализиравме, знаеме кои грешки треба ги поправиме. Знаеме дека Келце е квалитетна и искусна екипа. Нападот им функционира беспрекерно, можеби одбраната им е една од послабите алки. Ако им ја спречиме трназицијата во напад и ако правиме помалку грешки, ќе имаме повеќе шанси. На првиот натпревар игравме добро во напад, дадовме доста голови, но од друга страна промашивме доста зицери, тоа треба да се сведе на минимум, да не го разбраниме Вулф. Мислам дека треба да одиграме еден добар меч и да се покажаме во подобро светло отколку во Скопје“, вели Георгиевски.

Натпреварот меѓу Келце и Вардар се игра утревечер со почеток во 20:45 часот во салата „Легионово“.

Вујин: Келце е врвна екипа, ама и Вардар исто така…одиме на победа