Вујин: Келце е врвна екипа, ама и Вардар исто така…одиме на победа

Ракометарите на Вардар ги очекува натпреварот против Келце од осмото коло во Лигата на шампионите.

Десниот бек Марко Вујин смета дека грешките од првиот меч ќе бидат исправени и Вардар оди на победа во Келце.

„Не чека натпревар во Келце, се работи за силен противник. Мислам дека без навивачи домашниот терен не е предност. Одработивме неколку тренинзи, видео анализи меѓу овие два меча, ги најдовме грешките од првиот меч и се надевам дека ќе ги исправиме. Се надевам на позитивен резултат. Келце е врвна екипа, но и Вардар е…ние одиме на победа, па ќе видиме што ќе се случи“, вели Вујин.

Натпреварот меѓу Келце и Вардар се игра утре со почеток во 20:45 часот во салата „Легионово“.

На првиот дуел во Скопје, вардарци загубија со четири голови разлика, 29-33, а досега во пет гостувања во Келце немаат ниту една победа.

Георгиевски: Ако реализираме зицери и ако не го разбраниме Вулф, тогаш имаме шанси