Гевгелија убедлива, освои лесни три против Кузман Вардар

После стартниот пораз ракометарките на Гевгелија на домашен терен забележаа убедлив триумф од 30:18 против Кузман Вардар во 2. коло од Групата А во Супер женската лига.

Тимот на Гевгелија одработи добра средба на која уште во текот на првото полувреме стигна до предност. Од стартот се виде дека домашните имаат поквалитетен тим со кој постојано беа во позитива. Стигнаа до водство кое им гарантираше мирно продолжение.

Откако на крајот од првиот дел имаа 16:8 и овие плус осум лесно ги одржуваа во вторите 30 минути. Гостинките немаа сили за да парираат, па во второто полувреме дојде до израз квалитетот.

Гевгелија успеа да стигне до конечни 30:18 со што дојде до првите бодови сезонава и покажа дека на свој терен ќе биде опасен ривал за секого.

ГЕВГЕЛИЈА – КУЗМАН ВАРДАР                30:18 (16:8)

Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ГЕВГЕЛИЈА: Наумоска, Басова 4, Мандалова, Д. Митрова 5, П. Митрова, Димова 4, панова, Јанчева 6, Горковска 1, Шутева, Атанасова, Петковска 5, Чрчева, Ибрахимовиќ, Митревска 5, Пачарзлиева.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 8 мин.

КУЗМАН ВАРДАР: Стојановска, Буразер, Додевска, Атанасова, Петровска, Милевска, Јовевска 3, В. Ангеловска 5, Стојчевска 3, А. Ангеловска 2, Симоновска, Петковска 1, Кириловска, Ј. Ангеловска 1, Стојмановска 3.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 8 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023