Гаџа: Сакавме да победиме во Елверум, но…

Вардар пропушти шанса да стартува со победа и два бода на гостувањето во Норвешка, но кај играчите нема разочарување бидејќи веќе се концентрираат на следните натпревари.

Ремито од Елверум сигурно ќе им даде и мотив плус особено што веќе в среда ги очекува дуел против Мешков Брест на домашен терен.

Ракометарот кој го имаше шутот за победа, а биеше покрај голот, Анте Гаџа го искажа своето видување за средбата.

„Сакавме да победиме на овој натпревар, но мислам дека овој резултат е реален. Елверум заслужи бод денеска. Нас сега ни претстојат три домашни натпревари во Лигата на шампионите и ќе се обидеме да освоиме нови бодови“, изјави Гаџа после натпреварот.

Вардар в среда го пречекува составот на Мешков Брест, а потоа во Скопје ќе гостува и тимот на Алборг. На 13 октомври ќе се одмерат силите со составот на Монпелје.