Гакидова најдобра против четвртфиналистот од Лигата на шампионите

Тимот на Стела Сен Маур, каде што настапува македонската репрезентативка Ивана Гакидова, беше елиминиран во четвртфиналето на Купот на Франција.

Стела Сен Маур загуби на домашен терен од четвртфиналистот на Лигата на шампионите, Брест Бретањ, со убедливи 24-34.

Најдобар стрелец во домашниот тим беше токму нашата интернационалка Гакидова, со шест постигнати погодоци.

Покрај Брест Бретањ, во полуфиналето на францускиот Куп се пласираа уште Мец, Шамбре Турен и Париз.