Вујо добива засилувања: Загреб ги ангажираше Буриќ и Млакар

Екипата на ППД Загреб се засилува за следната , а во своите редови ќе има двајца искусни ракометари.

Пивотот Сењамин Буриќ се враќа во екипата откако мина извесно време во екипата на Нант. Тој доаѓа назад во ППД Загреб, а веќе потпиша двегодишен договор. Буриќ играше за ППД Загреб од 2016 до 2019 година. Мина кратко време во Сесон Рен, па се пресели во Нант. Сепак, репрезентативецот на БиХ брзо доаѓа назад и одново ќе го носи дресот на Загреб.

И ракометарот од Словенија кој еден период беше поврзуван и со трансфер во Вардар, Жига Млакар ќе се приклучи на шампионот на Словенија. Исто како и Буриќ и тој потпишува договор на две години.

Млакар доаѓа од редовите на Висла Плоцк, а беше јасно и претходно дека ќе го напушти тимот од Полска.

Со ова станува јасно дека ППД Загреб се подготвува за посилна сезона, па останува да се види кои ќе бидат другите ракометари кои ќе пристигнат во редовите на најдобриот тим од Хрватска.