Вујовиќ: Не само една, сакам три победи на ЕП!

Ракометарите на репрезентациајта на Црна Гора ги започнаа подготовките за Европското првенство и веќе работат во пеколен ритам. Избраниците на Зоран Рогановиќ тренираат два пати дневно за да се подготват најдобро што може за првенството и да се соочат со предизвиците.

Црна Гора ќе игра во групата А, првиот меч е со Хрватска на 9 јануари, потоа на 11 јануари противник им е Србија. Последниот дуел против Белорусија го играат на 13 јануари. За очекувањата од петиот настап на репрезенттацијата на првенствата за црногорските медиуми зборуваше 29 годишниот Стеван Вујовиќ, поранешен член на Вардар и Металург.

„Ми недостасуваше репрезентацијата. Започнавоме речиси во полн состав и атмосферата е одлична. Веќе започнавме да испробуваме тактички работи. Немавме време ниту да се видиме со колегите веднаш започнавме со напорна работа. Нема да бидам задоволен ако добиеме само еден натправар на ЕП, би сакал да победиме на сите три натпревари или барем два за да одиме во наредниот круг“, изјави Вујовиќ.

Фото: mnerukomet