Вујовиќ: Магдебург е фаворит, ама Вардар оди во најсилен состав

Ракометарите на Вардар им се вратија на тренинзите по настапот на Струшкиот турнир и утре заминуваат за Магдебург, каде што ќе играат на “Хумел Купот”.

Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека турнирот во Струга дојде малку прерано, но дека формата ќе биде подобра со текот на подготовките.

“Средбите од Суперкупот и турнирот во Струга дојдоа многу рано, но не се жалиме. Мечот во Суперкупот го игравме со играчи со кои веројатно ќе играме во домашното првенство, според правилата на РФМ. Што се однесува до тимот, последен се приклучи Гурбондо. Недостасува уште е десниот бек Савревски кој беше со кадетската репрезентација. Одиме со најсилен состав во Магдебург и ќе се обидеме да го освоиме турнирот, иако Магдебург долги години е во врвот во Бундес лигата и е фаворит. Потоа не чекаат дуелите со Загреб во регионалната СЕХА лига. Полека го воигруваме тимот и врвот на формата би требало да го имаме пред стартот на Лигата на шампионите.

Вардарци утре заминуваат за Магдебург, а се враќаат в понеделник и ќе продолжат со подготовките за двомечот со Загреб.