Вујовиќ: Клучен за поразот беше стартот на вториот дел, сега за мене најважен е двобојот со Кил

Вардар загуби на гостувањето кај Алборг со 33:29 во 5. коло од Лигата на шампионите во натпревар во кој имаше и многу поголема негатива од седум гола, сепак на крајот успеаја да го ублажат поразот.

После натпеварот тренерот на vардарци, Веселин Вујовиќ го прокоментира мечот и истакна што беше клучно за пораз на неговиот тим на овој меч.

Честитки на мојот колега Стефан Мадсен за добрата игра на неговиот тим. Натпреварот го изгубивме во првите десет минути од второто полувреме. Имавме седум-осум гола негатива и постојано се обидувавме до крај на мечот, но беше невозможно да се вратиме. Овој дуел е историја, сега за мене најважен натпревар е дуелот со Кил“, рече Вујовиќ после завршување на мечот.

Следен натпревар на екипата на Вардар е на домашен терен во салата Јане Сандански против екипата на Кил кој ќе се игра на 27. октомври.