Втор меч за Петровски, втора победа за Фасано

Македонскиот интернационалец Дарио Петровски откако имаше победнички старт во новиот интернационален предизвик, заедно со Јуниор Фасано се израдуваа на нова победа.

Екипата на Јуниор Фасано славеше убедливо против Кампус Италија со 47:30 во натпревар од 12. коло од италијанскиот шампионат.

Средниот бек од Битола што може да ја покрива и левата бековска позиција во победничката екипа имаше четири реализации и кон неговите соиграчи подели неколку асистенции.

Во претходното коло, против тимот на Ромања, Петровски беше стрелец на три погодоци. Јуниор Фасано со новите освоени бода се позиционираше на 4. позиција на табелата.

Ноиот тим на Петровски сега има 15 бода, додека првопласираниот Бриксен, кој сѐ уште е без пораз, има 19 бода.