Втора победа за стружани, триумфираа на гости кај Астраион

Ракометарите на Струга ја остварија втората победа во групата од Суперлигата, откако славеа на незгодното гостување кај составот на Астраион со 28-30. Струмичани иако беа ослабени поради неиграњето на тројцата позитивни ракометари на Ковид-19, сепак пружија солидна партија.

Домаќинот на стартот ја имаше контролата на мечот и водеше и со плус три, но стружани набрзина израмнија на 5-5. Потоа беше и 7-7, а по 8-9, стружани преку Николиќ и Рајатоски зголеми на 8-12, а до паузата ја задржаа таа предност, 11-15.

Во вториот дел домашниот тим успеваше во неколку наврати да намали на минус три, на две минути до крајот намали и на минус два, но немаше сили да направи пресврт и да се избори за позитивен резултат.

Струга искусно ја чуваше предноста, кога требаше да се погоди тука беше искусниот Николиќ и на крајот заслужено победи гостинскиот тим со 28-30. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Николиќ и Рајатоски со по осум погодоци, а кај Астраион се истакнаа Караиванов со 11 и Наков со седум голови.

21 октомври 2020
28 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
21 октомври 2020 19:37 СУПЕРЛИГА А 2020/2021 21.10.2020 60'

Место

Спортска сала „Парк“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АСТРАИОН1128Пораз
СТРУГА1530Победа

АСТРАИОН

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Мите Караивановлев бек113
5Васко Наковдесен бек07
6Миливој Котевски-00
7Александар Тренчевскипивот03
9Филип Кавазовцентрален бек00
12Мартин Перовановиќголман00
16Александар Гоџировголман00
17Ѓорѓи Касаповдесно крило00
18Славе Јанковскилево крило03
69Христијан Ефтимовцентрален бек00
77Иванче Ончевцентрален бек12
 Вкупно 228

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
Вук Лакичевиќдесен бек02
Игор Илиевскилево крило03
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-02
4Христијан Крстаноскилев бек00
7Пеце Рајатоскидесно крило18
11Тодор Јанкулоскидесно крило02
12Мартин Јовановскиголман01
13Петар Ферукоскипивот00
14Славиша Димитријескицентрален бек03
18Богдан Николиќцентрален бек18
24Ненад Костоскилево крило01
44Дарио Симоноскипивот20
95Слободан Новаковиќлев бек00
 Вкупно 430

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ