Врањеш: Финалето на Лигата на шампионите во декември за мене е само пријателски турнир

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш има свој став за закажаниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите во декември.

Тој не е приврзаник на ваквите експерименти од страна на ЕХФ и вели дека се прави грешка бидејќи со неиграњето  на осминафиналните и четврт-финалните средби го нарушува системот на натпреварување.

„Не знам како може да се донесе одлука за откажување на осминафиналните и четврт-финалните натпревари во Лигата на шампионите. Тоа е целосно непрофесионално. Според мене во главната рунда во декември нема да играат вистинските најсилни четири екипи. Таму од ЕХФ однесоа четири екипи. Сепак, зошто само нив? За мене тие натпревари во декември од Лигата на шампионите ќе бидат само дел од едноставен пријателски турнир“, вели Врањеш.

Селекторот на Словенија деновиве беше активен со своите ракометари бидејќи имаа подготовки после долгата пауза која одложи голем број на тренинзи и натпревари.