Врањеш: Фер е да се каже – Македонија има неколку одлични играчи

Словенија ја совлада Македонија убедливо со 31-21 и остана во игра за место во четвртфиналето на Мундијалот во Египет.

Словенечкиот селектор Љубомир Врањеш е задоволен по триумфот и повторно потенцираше дека имаме неколку одлични ракометари.

„Задоволни сме со тоа што го одиграме и од резултатот. Македонија има силен тим, кој одигра добро против нас. Верувам дека уморот беше една од главните причини за нивниот пораз. Мислам дека дуелите со Египет и Шведска ќе бидат многу тешки, но веруваме во себе. Нашиот голман беше супериорен и одбрани 15 топки, а ние имавме спор старт. Фер е да се каже дека Македонија има неколку одлични играчи“, вели Врањеш.