Врањеш од следната сезона во Мешков Брест

Шампионот на Белорусија, кој го фати последниот ден за да си обезбеди Ф4 во СЕХА лигата, Мешков Брест доби засилување за следната сезона во репрезентативецот на БиХ, Владимир Врањеш.

Пивотот на екипата на Татабања од Унгарија се сели во Белорусија кадешто се очекува да биде еден од играчите кои ќе можат да донесат квалитет плус.

Се работи за ракометар кој потекнува од Бања Лука, а кариерата ја почна во Борац. Во кариерата настапуваше и за екипта на Адемар. Во јануари со репрезентацијата на БиХ беше дел од Европското првенство, а во 2015 година беше прогласен за ракометар на годината во својата земја.