Врањеш: Ова е најдобриот пораз во мојот живот

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш успеа после само неколку недели работа со ракометарите да стигне до големо натпреварување откако кратко пред стартот на подготовките за ова Европско првенство беше назначен за селектор. Дојде на местото на Веселин Вујовиќ, а на првото големо натпреварување стигна до полуфиналето.

Секој успех плус на ова Европско првенство ќе биде само уште поголема награда за сето она што го направи со момците на овој шампионат.

После поразот од Норвешка немаше причина да биде незадоволен и вчера имаше интересна изјава.

„Ова беше најдобриот пораз во мојот живот. Ракометарите го заслужија полуфиналето. Се бореа на секој натпревар од прва до последна минута. Не можам да ги опишам со зборови моите чувства, но возбуден сум поради тоа што ќе имам можност да играме во Шведска, на мој домашен терен“, изјави Врањеш кој е еден од легендарните репрезентативци на Шведска бидејќи остави длабока трага со своите игри во националниот тим.

Словенија во полуфиналето игра против Шпанија. Дуелот е утре од 20:30 часот, а се игра во Стокхолм.