Врањеш: Немам проблем да прифатам одговорност, ама не сум само јас виновен

Репрезентацијата на Словенија забележа голем неуспех на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Избраниците на Љубомир Врањеш го завршија настапот на континенталниот собир. Одиграа под своето ниво на сите три натпревари од групната фаза, остварија само победа против Македонија и во клучниот натпревар беа поразени од Црна Гора.

По низата критики од страна на словенечките медиуми се огласи актуелниот селектор на Словенија, Љубомир Врањеш. Тој смета дека не е во целост одговорен за лошите резултати во Дебрецин.

„Јас сум главен тренер и одговорен за многу работи. Немам проблем да прифатам голема одговорност, но сепак не сум виновен за некои работи кои се случија во Дебрецин. Не е добро да се зборува за тоа сега. Многу сум разочаран, но можеби не е вистинско време да донесам некои одлуки. Не би зборувал ниту за тоа што ќе се случува во иднина. Имам активен договор до 2024 година. Ако продолжам да работам со ракометарите, треба да промениме некои работи“, изјави Љубомир Врањеш во разговор за „Вал 202“.

По неочекуваната елиминација на неговата репрезентација, социјалните мрежи и спортските портали во Словенија беа преплавени со лоши коментари за словенечкиот селектор и неговите ракометари.

Словенците со „дрва и камења“ по Врањеш и ракометарите – Бламажа, мизерија, срам….