Во Србија ќе биде означен крај на шампионатите, во Косово ќе се игра во јуни!

Поголем дел од федерациите низ Европа веќе означија крај на шампионатите поради коронавирусот, а за такво нешто се подготвува и српската федерација.

Во Србија, слично како и во Македонија би требало да биде поништена сезоната, односно да нема шампиони во двете конкуренции, да нема испаѓање од  лигите и промоции во повисок ранг, но таквата одлука се уште не е официјална.

Од поранешните екс-ју републики, останува уште одлука за прекин или доигрување да биде донесена во Босна и Херцеговина.

Во Косово, пак, челниците на тамошната федерација решија дека има услови за играње, па планот е да се почне со тренинзи на 1 јуни, а натпреварите и првенствата да завршат до крајот на јуни.