Во Скопје беа Руси, во Унгарија ќе судат Данци

Тимот на Вардар в четврток гостува во Унгарија каде што ќе биде одигран нов натпревар против составот на Пик Сегед. Средбата се игра со почеток во 18:45 часот, а вардарци ќе имаат нов предизвик против ривалот од кој завчера загубија со 26:28.

За разлика од првиот дуел кога на теренот се наоѓаа судии од Русија на втората средба меѓу Пик Сегед и Вардар арбитрите ќе бидат од Данска.

Судии на овој натпревар ќе бидат Мад Хансен и Јеспер Мадсен. Делегат на средбата ќе биде Балаш Сос од Унгарија.