Во Полска веќе нема бесплатен пренос од натпреварите – плати, ако сакаш да гледаш ракомет!

Раководството на Супер лигата во Полска веќе започна да размислува за сезоната 2020/21 и заедно со останатите спортови кои се играат во затворен простор да побараат начин кога и како ќе ги започнат натперварувањата.

Дури и да започне сезоната како што се очекува во септември прашање е дали ќе можат да присуствуваат навивачи. Затоа луѓето од федерацијата на Полска планираат да овозможат директен пренос од сите натпревари.

Оние дуели кои нема да бидат пренесувани од телевизијата ТВП Спорт, да има можност секој навивач индивидуално да плати и да има пристап до натпреварот кој сака да го следи. На овој начин клубовите би добиле профит кој делумно ќе го компензира недостатокот на приходи од билети.

Овој проект сè уште не е целосно прифатен, но е едно од можните решенија за намалување на влијанието на светската криза врз клубовите.