Во Пик Сегед разочарани: ЕХФ нема слух за клубовите, се води само по сопствени интереси

Откако вчера од страна на ЕХФ беше донесена одлука со која стана јасно дека нема да има натпревари од елиминациите во Лигата на шампионите туку екипите кои завршија на првите две места во двете групи одат директно на Ф4 клубовите со разочарување ја примија веста.

Имаше многу реакции на оваа одлука на ЕХФ, а една од нив беше и на првиот човек на тимот на Пик Сегед.

„Штета што при оваа одлука не беа земени предвид интересите на тимовите и на навивачите. ЕХФ немаше слух за клубовите туку при носењето на одлуката се водеше исклучиво од сопствените интереси“, коментираше претседателот на Пик Сегед, д-р Петар Ерно Шуц.

Пик Сегед беше ривалот со кој Вардар требаше да се соочи во осминафиналето од Лигата на шампионите, но нема да има ништо од оваа пресметка.